Оваа вкусна варијанта на пире од компири со кашкавал, со богат вкус не остава никого рамнодушен. Се приготвува многу лесно, што воедно ја прави совршен избор за една вкусна мајсторска вечера!




Потребни состојки:
- 1 кг компири
- 200 мл млеко
- 3 супени лажици масло за готвење
- 500 гр мелено месо
- 2-3 свежи домати
- 1 кромид
- 50 гр кашкавал
- сол и зачини по вкус
- масло по желба




Начин на подготовка:
Излупете, исечете и сварете ги компирите во солена вода, додека да омекнат. Излупете го кромидот и исечете го на мали коцки.




Додадете ги исечениот кромид, солта и зачините кон меленото месо и добро измешајте ги состојките. Отстранете ги готовите компири од оганот, прецедете ја течноста, а потоа додадете го маслото и млекото. Подгответе пире од компирите, кое не треба да биде течно.




Поставете го добиеното пире во соодветен сад и израмнете го подеднакво. Од меленото месо оформете топчиња и запржете ги во масло, пржете ја секоја страна 5-7 минути. Ќофтињата поставете ги врз пирето.




Исечете ги доматите, на кругови или коцки, по ваша желба и поставете ги врз компирите, а потоа одозгора изрендајте кашкавал.
Загрејте ја рерната на 200°C и ставете ја питата да се пече 15-20 минути.




Пријатен апетит!