Мајонез торта со пиперки: Вкус на кој нема да може да одолеете!

Вреди да се проба:

Реклама

Солените торти се одличен избор се секоја пригода…

Состојки:

  • 15 свежи пиперки
  • 3 јајца
  • 250 мл. мајонез Томи
  • 200 гр. Шунка
  • 200 гр. кашкавал
  • 100 гр. брашно
  • масло по потреба
  • сол по вкус
  • сусам по желба
  • сончогледови семки по желба

Начин на подготовка:

Испечете ги пиперките, олупете и исчистете ги од семето. Потоа поделете ги на половинки и поховајте ги во брашно и јајца.

Реклама

Во сад измешајте павлака и мајонез. Шунката насечете ја на тенки кругови а кашкавалот на тенки листови.

Кога ќе се оладат похованите пиперки, во стаклен сад наредете ги состојките по следниот редослед: ред поховани пиперки, па смеса од мајонез и павлака, ред шунка, па смеса од мајонез и павлака, ред кашкавал и повторно смеса од мајонез и павлака. Потоа повторете ја постапката уште еднаш по истиот редослед.

Реклама

Со преостанатата смеса од мајонез и павлака, филувајте ја тортата. Одозгора посипете ја тортата со рендан кашкавал, пречен сусам и сончогледови семки.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -