Ако обожавате марципан, ова е идеална торта за вас.




Колачот лубеница изгледа многу убаво и интересно, ако сакате марципан, сигурно ќе ви се допадне.
Состојки:
- 300 гр мелени бадеми
- 150 гр шеќер во прав
- една поголема белка од јајце
- зелена боја
- црвена боја
- лажичка афион




Подготовка:
Измешајте ги состојките и поделете ги на 2 дела. Во едниот дел ставете малку зелена боја, а во другиот малку црвена и лажичка афион. Поделете ги црвените и зелените делови на 3 дела. Направете топчиња од црвените делови, а зелените растегнете ги во круг.




Ставете го зелениот дел на хартијата за печење, за да не се лепи, и на средина на зелениот дел ставете црвена топка и убаво затворете ја. Оставете еден час во фрижидер, исечкајте ги лубениците и уживајте.




Можете и сами да ги бланширате сировите бадеми истурете ги со топла вода, оставајќи ги да отстојат некое време, а потоа излупете ги еден по еден. Кога ќе ги излупите сите, можете да ги ставите во рерна околу 10 минути на 50 °, да се исушат малку.




Уживајте!