Она по што модриот патлиџан е многу познат е антиоксидантот насунин, кој се наоѓа во неговата кора, и кој ги штити клетките на телото од уништување, и влијае на излачување на вишокот железо од организмот.
Оваа храна значително го намалува нивото на шеќер во крвта! Токму овој антиоксиданс влијае на спречување на кардиоваскуларни заболувања. Поради горчливиот вкус, модриот патлиџан има ефект на олеснување на грчевите во стомакот и слични проблеми со варењето на храната. Модар патлиџан има низок гликемиски индекс, затоа е многу добра храна за дијабетичари.
Состојки:
- 4 модри патлиџани со средна големина
- сол
- маслиново масло за премачкување парчиња модар патлиџан
- сок од 1 лимон
- мелен пипер
- 5 чешниња лук
- 2 лажички мајчина душица
- 100 мл маслиново масло
Подготовка:
Исечете ги модрите патлиџани на парчиња дебели околу 1 см, посолете ги и оставете ги да отстојат околу 30 минути. Потоа измијте ги, исушете ги со хартиени салфетки и подмачкајте ги со масло од едната страна.
Ставете ја намастената страна на решетката за скара и печете на средна топлина 5 минути. Подмачкајте ги и одозгора со масло, свртете и печете и од другата страна.
Измешајте сок од лимон со сол, бибер, мелен лук, мајчина душица и маслиново масло. Оставете печениот модар патлиџан да се излади. Потоа наредете го во тегла со капак, истурете ја подготвената маринада. Затворете го садот и оставете го во фрижидер некое време. Послужете печени модри патлиџани со тост леб.
На здравје!