Маринирани шампињони во тегла: Прекрасен домашен деликатес!

Вреди да се проба:

Реклама

Тие се исклучително вкусни, ароматични, лесни за правење, знаете дека се што користите е чисто, а задоволството да направите нешто свое е неизмерно.

Состојки:

  • 1 кг помали шампињони
  • 2 дцл вода
  • 1 дцл оцет
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка шеќер
  • малку бибер
  • 2 ловорови лисја
  • 2-3 чешниња лук
  • 1/2 лажичка сушена мајчина душица
  • 1/2 лажиче сушено оригано
  • прстофат на сушен босилек

Подготовка:

Исецкајте ги шампињоните доколку е потребно, т.е. поголемите парчиња исечете ги на половини или четвртини. Сите состојки освен печурките ставете ги во мало тенџере. Додадете сецкан лук на состојките.

Реклама

Ставете ја смесата да се вари, а потоа додадете ги печурките во врелата течност на два до три пати не сите одеднаш. Варете ги така во оваа смеса околу 2-3 минути, но доколку сакате да бидат помеки, тогаш до 5 мин, но нема потреба.

После тоа време, извадете ги директно во подготвените тегли со лажица и внатре ставете од врелата течност. Потоа пак ставете нова тура печурки во течноста да се варат.

Реклама

Кога сите печурки се готови, истурете врз нив топла течност (течноста мора да ги покрие), добро затворете ги теглите и оставете да се изладат. Кога ќе се изладат можете да ги користите по можност уште следниот ден.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -