МАНТИИ со телешко месо – По рецептот на нашите баби!

Вреди да се проба:

Стар рецепт што се чува од заборав. Меки и вкусни. Доколку ги подготвувале вашите мајки, ќе ве потсетат на детството.

Состојки:

Тесто:

- Advertisement -
  • 1кг брашно
  • 1/2 л млака вода
  • 1 лажица сол
  • 50 гр путер
  • 2-3 лажици масло

Фил:

  • 1/2 кг говедско месо
  • 3 главици кромид
  • сол, бибер по потреба

Прелив:

  • 1 чаша кисело млеко
  • 1-2 чешниња лук

Подготовка:

1.Замесете помеко тесто од брашно, сол и млака вода. Направете топче и оставете го да стои половина час. Размесете го и поделете на 12 топчиња.

Оставете ги да отстојат петнаесет минути, а потоа малку расукајте четири топчиња со сукалка, намачкајте мешавина од стопен путер и масло и наредете ги едно врз друго.

Расукајте ги малку повеќе со сукалото, а потоа исечете ги на квадрати, наполнете ги со фил и затворете ги попречно. Направете го истото со преостанатиот дел од тестото.

2.Филот ќе го направите со мешање мелено месо, лажичка сол, бибер и три глави ситно исечен кромид.

3.Наредете ги мантиите во подмачкан плех и печете ги на 200 степени околу 40 минути додека не заруменат.

4.Кога ќе се испечат, полијте ги со прелив од кисело млеко и сецкан лук, а потоа вратете ги во рерна неколку минути. Потоа покријте ги со фолија, ставете крпа одозгора, оставете петнаесет минути, а потоа послужете со јогурт, сирење, ајвар …

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!