Манастирски посен ѓувеч со единствен вкус – Задолжително мора да се проба!

Вреди да се проба:

Неверојатно вкусен ѓувеч идеален за многу гости. Одличен рецепт за сите оние на кои им треба количински обилен оброк. Идеално во време на пости.

Состојки:

  • 500 гр. грашок
  • 1 рамна лажица сол
  • 2 главици кромид
  • масло по потреба
  • 400 гр. пипер
  • 1 рамна чажица
  • 10 зрна црн бибер
  • 350 гр. ориз
  • 500 гр. компир
  • 500 гр. домати
  • 4 чешниња лук
  • 1 прстофат мајчина душица
  • 1 прстофат босилок
  • 1 лажица мелен црвен пипер
  • 1 лажица брашно
  • 1 средна тиквичка
  • 400 гр. карфиол
  • 1 лута пиперка по вкус

Начин на подготовка:

Овој рецепт е еден од многуте од тефртерот на баба. Од оваа количина испаѓаат точно 8 порции ѓувеч.

- Advertisement -

Грашокот се вари со лажичка сол. Кога грашокот ќе се свари истурете ја водата. Во длабока шерпа ставете ситно сецкан кромид и издинстајте го на тивок оган со малку масло (исли само со вода). Додадете го грашокот и сипете вода. Потоа додадете сецкани свежи пиперки. Гответе 5 минути, па зачинете со сол и бибер. Додадете го оризор и убаво измешајте ги сите состојки во шерпата.

Додадете вода да ја облие смесата, околу два прста над смесата. Оставете да крчка на среден оган околу 10 минути со постојано мешање. Внимавајте да не испари водата, потребно е додека се готви постојано да биде два прста над смесата. Додадете комир сецкан на коцки.

Доколку го правите ова јадење во сезона на доматите, додадете половина килограм лупен свеж домат, но доколку не е сезона на доматите тогаш додадете половина литар пелати или салца. Измешајте се заедно и додадете една лажичка шеќер. Повторно обратете внимание на количината вода, доколку е потребно налејте уште. Додадете ситно сецкан карфиол и сецкана тиквичка. Сето тоа добро промешајте го, па зачинете со лукчем прстофат мајчина душица и прстофат босилок.

Ако сакате да биде малку пикантно додадете едно луто пиперче. Потоа направете класична запршка со лажица мелен црвен пипер и лажица брашно.Оставете 5 минути да крчка на оган со постојано мешање. Претурете го ѓувечот во плех за печење и печете на 200 степени околу 20-25 минути.

Доколку сакате да направите ѓувеч со месо на истата количина додадете димена сланина по желба.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!