Манастирска рибја чорба – Мелем за душа и тело!

Вреди да се проба:

Реклама

Рибја чорба на манастирски начин се подготвува во манастирите, каде е забрането конзумирање на месо во тек на целата година.

Потребни состојки:

  • Риба (сом, крап, скуша, толстолоб) – 400 гр.
  • Зејтин – 50 мл.
  • Млад кромид – 1/2 страк
  • Домати – 120 гр.
  • Пиперки – 80 гр.
  • Моркови – 50 гр.
  • Лути пиперки – 2 бр.
  • Компир – 150 гр.
  • Ориз – 1-2 шаки
  • Мајчина душица – 1 страк
  • Магдонос – 1/2 китка
  • Црн бибер – 10 зрна
  • Лимон – 1
  • Сол – по вкус

Начин на подготовка:

Исчистената и измиена риба се сече ситно и се посолува. Одделно, во зовриена вода, се ставаат исечканите кромид и моркови.

Реклама

Потоа исчистените пиперки од рачки и семе, насечени на ситно, излупените и ситно исечкани домати и компир, мајчината душица, зејтинот и солта.

Зеленчукот се вари додека да омекне, па му се додаваат рибата и оризот. Пред крајот на варењето се додаваат и исецканите маслинки.

Реклама

Манастирската рибја чорба се служи топла, посипана со ситно сечен магдонос и мелен црн бибер + 1 парче лимон.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -