Вкусот ќе ве воодушеви.




Кога ви се брза и ви треба практичен и брз рецепт, секогаш можете да се свртите кон пити. Освен што се вкусни, познато е дека се лесни за правење. Овој пат ви носиме рецепт за малку поинаква пита од онаа на која сте навикнати. Станува збор за рецепт на турска домаќинка кој е прегледан повеќе од 10 милиони пати на YouTube.




Состојки:
- 2 компири
- 2 домати
- 3 зелени пиперки
- 2 млади кромидчиња
- 4 јајца
- 1 лажичка сол
- 100 гр фета сирење
- 1 шолја масло
- 1,5 шолји млеко
- 3,5 чаши брашно
- 2 кеси прашок за пециво
- 200 гр рендано сирење
Подготовка:




Исечете ги компирите, доматите, зелените пиперки и зелениот кромид на мали коцки. Исцедете го сокот. Потоа се матат јајцата, па се додава зеленчукот, солта, сечканата фета, маслото и млекото.




Добро промешајте. На крајот додадете брашно и прашок за пециво. Калапот со дијаметар од 32 см премачкајте го со путер. Истурете ја смесата, посипете со ренданото сирење и печете на 200 ° C околу 30-35 минути.




Пријатно!