Мали и ситни пирошки: Ова се највкусните пирошки што некогаш сте ги пробале!

Ви подготвивме еден прекрасен рецепт за ситни пирошки, кои ќе ги обожавате.

Потребни состојки:

  • 350 г брашно
  • 125 г путер (или маргарин, но омекнат)
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 шолја инстант пире (може и обично)
  • 100 г шунка (ситно сечкана)
  • 100 г кашкавал (рендан)

Начин на подготовка:

Во пластичен сад, измешајте го брашното заедно со сувиот квасец. Додадете омекнат путер, инстант пире и лажичка сол.

Постепено додавајте млака вода додека не добите меко глатко тесто (од 50 до 100 мл вода).

Оставете го тестото да одмори и да порасне (отприлика околу еден час).

Тестото поделете го на мали делови и направете топчиња. Наполнете ги со шунка и кашкавал.

Премачкајте ги топчињата со белка, извалкајте ги во презла и испржете ги во загреано масло.

Уживајте. Добар апетит!

Извор: Мигусто.мк

error: Содржината е заклучена!