Малини, кокос и чоколадо: Рецепт за фини колачиња со џем!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Чупавци се обожаваат со џем од јагоди или малина, а одлични се и со додавање на шлаг или сладолед. 

Мек бисквит кој мириса на ванила и кокос е специјалитет во Австралија каде го нарекуваат Ламингтон, тој често содржи џем направен од јагоди, малини или некое друго омилено овошје. Одлични се и се служат со сладолед и шлаг. Пред да ги подготвите извадете ги путерот и јајцата на време за да се загреат на собна температура.

Состојки:

  • 125 гр путер
  • 220 гр шеќер
  • 1/2 лажиче екстракт од ванила
  • 3 јајца
  • 260 гр брашно
  • 3,5 лажички прашок за пециво
  • 125 мл млеко
  • Џем од малина, јагода
- Advertisement -

Чоколадна глазура:

  • 180 гр црно чоколадо
  • 200 гр млеко
  • 30 гр путер
  • 180 гр шеќер во прав
  • 20 гр какао во прав
  • 4-5 лажици топла вода
  • 200 гр кокос

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 ° С. Поставете плех со хартија за печење. Во сад просејте го брашното и прашокот за пециво. Со умерена брзина, измешајте омекнат путер, ванила и шеќер околу 2 минути, а потоа додавајте по едно јајце, мешајќи по секое додавање. Додадете половина брашно, а потоа половина млеко наизменично и постепено мешајќи и повторете го процесот.

Истурете го тестото во подготвениот плех и печете околу 25 минути. Користете чепкалка за заби за да бидете сигурни дека е печена смесата. Оставете бисквитот да се олади на решетката околу десет минути пред да го отстраните и оставете го да се излади целосно. Исечете ги рабовите на оладениот бисквит со нож и пресечете го на половина хоризонтално. Бисквитот премачкајте го со џем, повторно преклопете го и исечете го на коцки кои ќе ги ставите во фрижидер половина час до еден час за подоцна полесно да ги премачкате со глазура.

За глазурата, стопете ги чоколадото, путерот и топлото млеко, а потоа оставете го садот настрана и промешајте ги шеќерот во прав и какаото. Додадете топла вода на самиот крај.

Ставете го кокосот на голема длабока чинија. Фатете ги колачињата, па натопете ги во глазура и оставете вишокот глазура да се исцеди. Потоа превртете ги во кокос и оставете ги на решетката да се исушат. Ако глазурата стане премногу густа, изматете малку млеко или вода. Оставете ги колачињата да се стегнат околу еден час во фрижидер и послужете.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!