Македонско тавче гравче подготвено со мерак – Никој не може да му одолее!

Вреди да се проба:

Тавче гравче е традиционално македонско јадење, храна која е дел од секое македонско семејство. Се подготвува од свеж македонски грав и се сервира во македонски земјени чинии. По традиција се прави секој петок.

Состојки:

  • 200 г гравче
  • 1 главица кромид
  • 1 сува пиперка
  • 2-3 чешниња лук
  • малку масло за готвење
  • 1-2 лажички црвен пипер
  • малку сол, нане и црн бибер

Начин на подготовка:

Гравот прво добро се чисти, се мие и се потопува да лежи во ладна вода најмалку три часа (по традиција се остава преку ноќ) за да омекне, потоа се мие и се вари. По првото вриење водата се исфрла (бидејќи создава гасови), па се става нова вода.

- Advertisement -

Исплакнете го гравчето неколку пати. Во сад со вода, на оган, ставете го да се вари заедно со цел кромид (исчистен), лукче и пиперка. Варете го гравот се додека не омекне.

Во тавче, загрејте масло за готвење и ставете некоку лажички црвен пипер и пропржете го. После 90-тина минути колку што му се потребни на гравот да се свари, исцедете го гравот (но не сосема), зачинете и ставете ја запршката.

Гравчето е спремно за печење. Претурете го во керамички тави и

Потоа содржината ставете ја во земјен сад и печете на температура околу 220 степени, околу 15 минути. Печете сè додека течноста не испари и не се запече одозгора.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!