Македонски традиционални ПИТУЛИЦИ со лук: Специјалитет со долга традиција…

Вреди да се проба:

Реклама

Ова е уште еден стар рецепт од нашите баби, кој ќе ве збуни со својата едноставност и ќе ве воодушеви со богатиот вкус. Одлични се за појадок со чаша јогурт или кисело млеко.

Питулиците се посни, и немаат потреба од користење на многу мастрав за подготовка. Разликата помеѓу палачинките и питулиците е белата боја на питулиците, за разлика од палачинките кои се жолти.

Реклама

Може да ги правите во блага или солена варијанта, а толку е едноставен рецептот што без многу трошоци можете да приготвите вкусен традиционален специјалитет.

Питулиците често биле на трпезата на нашите предци. Се сметало дека девојката која можела да направи мазници и питулици важела за голема домаќинка.

Реклама

Потребни состојки:

  • 300 гр. брашно (2 чаши за млеко)
  • 200 гр. минерална вода (1 ½ шоља за млеко)
  • 200 мл. масло
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 цела главичка лук
  • 150 гр. ореви (многу ситно сецкани)

*Ако немате минерална вода, можете да додадете половина мала лажичка сода бикарбона или прашок за печиво.

Начин на подготовка:

Со длабок сад се мешаат постепено 300 гр. брашно со 200 мл. миенерална вода (додадете по потреба и повеќе доколку смесата е густа). Доколку сакате питулиците да бидат помеки додадете 1 лажичка шеќер и 1 лажичка крупна сол.

Оваа количина е доволна за 30тина питулици, доколку сакате поголема количина како таа што ја приготвивме додавајте брашно и вода по потреба и мешајте ја смесата со маталка избегнувајќи формирање на грутчиња. Доколку ви се појават грутчиња користете миксер.

- Advertisement -

Смесата не смее да биде премногу густа затоа што питулиците кои ќе ги направите ќе бидат дебели и нема да го имаат посакуваниот шмек.

Смесата се остава да отстои 30 минути пред да започнете да ја правите првата количина.

Во тавче за палачинки намрсете ја површината со четка со масло малку и со црпалка нанесете од смесата рамномерно. Печете на средна температура. Кога ќе се одделат краевите од питулицата од тавчето превртете ја и печете од другата страна. Готова е кога веќе не е леплива.

Оригиналниот рецепт за питулиците вклучува наросување на приготвените питулици со толчен лук. Во аван се толчи една цела главица лук со сол, па во лукот се додава масло и се попарува со врела вода.

Во намаслен и набрашнет кружен плех се редат питулиците една врз друга. Ред питулици, ред се премачкува од течноста со лук, се наросува со ореви и повторно ред питулици, повторувате така се до последната питулица. Секоја питулица се прска со масло, се премачкува со смесата од лук и се посипува со ситно сецкани ореви. Важно е смесата од лук и вода да биде врела, додека се премачкуваат питулиците.

Наредените питулици се сечат на парчиња (осминки) се прелеваат со останатата течност од лук, вода и масло и се потпекуваат.

Уживајте во вкусот на традицијата!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -