Македонска погача – Откако еднаш ќе ја направите сите ќе ви бараат рецепт…

Вреди да се проба:

Брза и превкусна погача,која е многу едноставна за правење. Ќе ве освои на прв залак.

Состојки :

- Advertisement -
  • 4 јајца,
  • 1 шолја кисело млеко,
  • 1/2 шолја масло,
  • 2 шолји брашно,
  • 1 кесичка пециво,
  • 200-250 гр. сирење,
  • 1/2 лажичка сол по потреба ,
  • малку сусам.

Подготовка:

Во длабок сад се ставаат јајцата и се матат, па се додаваат киселото млеко и маслото. Откако добро ќе се измеша се додаваат брашното и пецивото и повторно се меша.

На крај се додава сирењето, дробено на ситно и се посипува со сусам.

Смесата се става во тава за печење бр.28 и се пече на температура од 200 степени, околу 30 минути. Кога ќе зарумени се вади од рерна.

Сервирајте со јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!