Макарони манџа со ѓувеч – одличен ручек за вистинско гурманско уживање…

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Вкусна макарони манџа која брзо се прави а вистинско уживање за љубителите на тестенини. 

Ова е рецептот, кој доколку постите може да го направите со посни тестенини.

Потребни состојки:

  • 500 гр. макарони
  • 200 гр. маринирани печурки
  • 100 гр. соини трошки
  • 850 гр. посен ѓувеч од конзерва
  • 2 главици кромид
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 2 лажички вегета
  • 2 лажички буковец
  • 2 лажици сенф
  • бибер
  • сол
  • 2 бр. ловоров лист
  • 1 лажичка оригано
  • масло

Подготовка:

Кромидот се лупи и се сецка на ситно. Се става во длабока тава (тенџере), да се пржи во загреано масло на оган.

- Advertisement -

Потоа се додаваат печурките и откако ќе се испржат се додава буковец. Соините трошки се потопуваат во врела вода. Откако ќе омекнат се цедат и се додаваат во тавата заедно со буковецот.

Кога ќе се испржи сојата, се додава ѓувечот и се остава убаво да се пржи, па се додава вода околу 2 кг. Сето тоа врие околу десетина минути и потоа се додаваат макароните.

Подоцна кога тие ќе зовријат, се додава пченкарното брашно кое претходно е растворено со ладна вода.

На крај се додава сенфот, ориганото, ловоровиот лист и малку бибер и сол по вкус.

Сето ова се вари околу пет минути. Потоа се трга од оган и се остава уште десет минути да отстои загушено до капак.

Манџата се служи додека е топла.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!