Лососот е една од најздравите риби која се препорачува барем еднаш неделно во менито, бодејќи е богата со омега масни киселини кои се добри за срцето.




Често се користи и во диети како замена за месо и гарантира здраво и лесно слабеење. Доста заситува и е доста месеста, а ќе ја препознаете по незината карактеристична нежно портокалова боја.




Состојки:
- 5 главички лук (ситно сецкан),
- сок од 1 лимон
- 4 лажици путер
- сол
- 2 лажици екстра девствено маслиново масло
- лосос (поголеми филети)
- црн бибер
- свеж магдонос




Начин на подготовка:
Лососот посолете го убаво и оставете го да одмори околу половина час.
Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови. Во длабок сад подгответе ја маринадата, измешајте ги заедно сецканиот лук, црниот бибер и стопениот путер. По ваш вкус може да додадете и други зачини.




Во плех со средна големина ставете малку масло и наредете ги филетите лосос. Потоа одозгора врз лососот истурете ја маринадата со лукот и распоредете ја рамномерно. Врз секое парче ставете по малку маслиново масло.
Плехот покријте го со алуминиумска фолија и печете на 200 степени, околу 20 минути.




Пред да го извадите лососот, отстранете ја фолијата и полејте го со цедениот сок од лимон. Оставете да се зацрви уште некоја минута и извадете го од рерна.




Испечениот лосос сервирајте го со гранчиња свеж магдонос и лимон.
На здравје!