ЛОКУМАДЕС: Рецепт за традиционални грчки крофнички со мед посипани со ореви и цимет!

Вреди да се проба:

Реклама

Локумадес е името на традиционалните грчки крофни кои се преливаат со меден сируп и се посипуваат со цимет и ореви. Ако сакате, наместо мед, можете да ги прелиете со чоколадо и да ги посипете со бадеми.

Состојки:

Тесто:

Реклама
  • 240 гр млако млеко
  • 240 гр млака вода
  • 15 гр сув квасец
  • 450 гр брашно
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 4 лажици маслиново масло
  • масло за пржење

Сируп:

  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша вода
  • ½ лимон
  • 2 чаши мед
  • цимет во прав
  • ситно исецкани ореви по желба

Чоколаден прелив:

Реклама
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 110 гр вода
  • 75 гр шеќер во прав

Подготовка:

Во поголем сад додадете вода и квасец. Мешајте со вилушка и почекајте 5 минути додека квасецот не се раствори целосно. Во истиот сад додадете ги преостанатите состојки на тестото. Мешајте со миксер на поголема брзина, околу 2 минути, додека смесата не стане мазна (може да ја мешате и рачно со жица за тесто). Покријте го садот со фолија и оставете го тестото да стои на топло место најмалку еден час додека не нарасне.

Ставајте од тестото во врело масло со лажица и пржете додека крофните не добијат златно жолта боја. Секој пат пред да го земете тестото, навлажнете ја лажицата со вода за да не се залепи тестото.

Додека крофните се пржат, користете перфорирана лажица за да ги свртите, така што сите страни ќе добијат златна боја. Наредете ги крофните во садот во кој сте ставиле салфетка да се исцедат.

- Advertisement -

Сируп со мед: Во мал сад измешајте шеќер, вода, лимон и мед заедно на тивок оган. Кога е готов сирупот, ставете ги крофните во голема чинија, прелијте ги со топол сируп и посипете ги со цимет и ореви.

За чоколаден прелив: Ако сте сеуште расположени за чоколадо, истурете шеќер и вода во шерпата и мешајте постојано на ниска температура 1-2 минути, додека шеќерот не се раствори целосно. Додадете го исецканото чоколадо и продолжете со мешање додека не се стопи чоколадото и смесата не се соедини. Истурете топло чоколадо на крофните, посипете ги со мелени ореви или бадеми.

Уживајте во вкусот!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -