Лиснато тесто: Воздушесто тесто што се топи во уста!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Совршениот рецепт за лиснато тесто! Ви треба малку повеќе труд, но крајниот резултат се исплати.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 250мл млако млеко
  • 100мл млака вода
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 100мл масло
  • 1 јајце
  • 40 гр свеж квасец
  • 200-250 гр маргарин
  • 200 гр сирење
  • Сусам

Подготовка:

Во голем сад ставете го млекото и водата, лажица сол и шеќер, маслото, 1 јајце и свежиот квасец. Се убаво се меша, се додава останатото брашно и се прави меко тесто.

Тестото веднаш се става на набрашнета подлога за размесување и се размесува и сука како кора во правоаголна форма.

- Advertisement -

На така расукана кора се ренда маргарин на половина кора, а потоа се преклопува со другата половина. Сега повторно се ренда маргарин на едната половина од кората, и пак се преклопува со останатата половина од кората.  Постапката се повторува уште еднаш. Потоа целото тесто кое изгледа како купче, го оставаме да отстои 10-15 минути.

Откако ќе отстои тестото, повторно се размесува во кора и се повторува целата постапка погоре наведена со размесување, рендање маргарин и преклопување. Повторно се остава 10 минути, и пак се размесува по иста постапка. Значи севкупно три пати се размесува тестото и се прави со маргарин. Овие чекори се битни за да може тестото да направи лиснат облик.

После третиот пат се расукува кората на голема површина , на едната половина се наросува иситнето сирење, а доколку сакате може да го отавите празно тестото, за оние кои не сакаат никаков вкус. Се преклопува со празната половина од кората и се сече првин на ленти, а потоа тие ленти се сечат коцки, нивната големина зависи од вашата желба.

Се редат на хартија за печење во плех, се премачкуваат со жолчка од јајце и се поросуваат со сусам.

Печете на 180 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!