Лисната пита со ШЕРИ ДОМАТИ: Вкусот и мирисот на италијанската кујна! 

Вреди да се проба:

Рецепт за пита со шери домати. Рецептот може да го адаптирате по ваш вкус, и наместо лиснато тесто можете да користите и домашно замесено тесто.

Состојки:

  • 400 гр меко сирење
  • 2 јајца
  • 100 мл млеко
  • 50 гр рендан пармезан
  • сол
  • 2 гранчиња босилек
  • 1 чешне лук
  • 50 мл масло
  • 300 гр замрзнато лиснато тесто
  • 400 гр шери домати
  • бибер
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • 2 лажици сок од лимон

Подготовка:

Измешајте го мекото сирење, јајцата, млекото и пармезанот и додадете сол во смесата.  За песто, измијте го и исушете го босилекот и откинете ги лисјата. Измешајте лук, 2/3 лисја од босилек и масло додека не добиете фино, густо пире. Загрејте ја рерната на 200 степени.

- Advertisement -

Расукајте го лиснатото тесто во квадратна форма, ставете го на плех обложен со хартија за печење и формирајте подигнат раб од страните на плехот.

Тестото премачкајте го прво со 2/3 од пестото, а потоа со смесата која ја направивте со сирење. Измијте ги шери доматите, преполовете ги и измешајте со остатокот од пестото. Зачинете со сол, бибер и сок од лимон, потоа наредете ги на сирењето одозгора. Печете во рерна 35 минути. Украсете со остатокот од босилек и печете уште 5 минути.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!