Тирамису е традиционален италијански десерт кој се состои од бисквити потопени во кафе збогатени со крем сирење маскарпоне. Ова е „полесна“ освежителна верзија полна со витамин Ц.
Состојки:
За сируп од лимон:
- 240 мл ликер лимон
- 240 мл вода
- 100 грама шеќер
- 180 мл свежо исцеден сок од лимон
- 40 плазма кекси
За крем од маскарпоне:
- 450 грама сирење маскарпоне
- 350 грама слатка павлака
- 150 грама џем од лимон
- 60 грама шеќер во прав
Подготовка:
Во тенџере, загрејте го ликерот, вода, шеќер и сок од лимон на умерена температура и често мешајте додека шеќерот не се стопи целосно. Ставете го сирупот на страна да се излади на собна температура.
Во меѓувреме, изматете ја слатката павлака со миксер. Измешајте со неа шеќер во прав.
Во посебен сад изматете го сирењето маскарпоне со џем од лимон. Сега внимателно измешајте го шлагот од слатка павлака во смесата со сирење маскарпоне и лимон.
Натопете ги плазма кексите во сирупот од лимон, па ставете ги во огноотпорен сад во кој ќе ја подготвите тортата. Наредете ги бисквитите еден по друг, така што тие целосно ќе го покриваат дното на садот.
Нанесете половина од кремот со маскарпоне сирење, шлаг и лимон над кексите натопени во сирупот. Повторно ставете ги плазма кексите потопени во сирупот преку смесата, а целата торта завршете ја со остатокот од филот.
Украсете ја тортата со малку кора од лимон. Ставете го колачот во фрижидер најмалку шест часа или преку ноќ.
Ќе добиете вистинско освежувачко слатко задоволство.
Добар апетит!