Целулитот за жал е чест проблем, а жените се повеќе склони кон него. Се состои од клеточен отпад, маснотии и вода.




Целулитот може да се отстрани или намали на едноставен и природен начин, со помош на здрави состојки. Едно од најефикасните лекови против целулит е рузмаринот во алкохол.
Состојки:
- 1 гранче свеж рузмарин, лисја и цвеќиња, ако е можно
- 300 мл Алкохол (медицински алкохол, но може да користите и ракија)
- 1 стаклен сад (мало шише)




Подготовка:
Можете да користите исушени лисја и цвеќиња, но нема да биде исто. Ако е можно, исечете го целото растение на помали парчиња и ставете го во сад или мало стаклено шише. Истурете го алкохолот до врвот. Запечатете добро и оставете го 15 дена на темно место.




Потоа процедете и истурете во стаклена тегла, чувајте ја повторно на темно место. Оваа добиена мешавина од рузмарин треба да се користи за масажа на стапалата. Нанесете на саканите места и оставете да дејствува во текот на ноќта пред спиење.
Рузмаринот во алкохол ќе ви биде од голема помош во следниве здравствени проблеми:
- Целулит
- Против настинка и грип
- Болка во вратот
- Модринка
- Проблеми со циркулацијата и проширените вени
- Спречува опаѓање на косата
- Болки во мускулите, истегнувања, болки во зглобовите, ревматизам