Летните сармички од модар патлиџан се толку вкусни што никој нема да може да им одолее.
Сармата од кисела зелка е најпознатото и најомилено јадење, но во лето таа е многу тешка за јадење. Ви предлагаме да направите летна варијанта на сарми со модар патлиџан, а одозгора со крем сирење и ореви. Наместо ореви, можете да користите домати и ќе биде освежително. Лесното и вкусно јадење ќе ви се допадне уште на првиот залак, а приготвувањето не е комплицирано.
Состојки:
- 600 гр модар патлиџан
- 300 гр крем сирење
- 50 гр ореви
- 1 чешне лук
- 50 гр магдонос
Подготовка:
Модриот патлиџан се сече на ленти, по должина. Потоа пржете го на малку масло во тавче, ако имате грил тава уште подобро. Оревите ситно исечкајте ги, можете и во блендер да ги мелете, а лукот и магдоносот исто така ситно исечкајте ги.
Измешајте ги овие состојки со крем сирењето и добро соединете ги. Секој модар патлиџан премачкајте го со филот, потоа замотајте и свиткајте во ролна. Послужете.
Пријатно!