Свежиот и киселкаст вкус на овие плодови создаваат совршен баланс со слаткиот вкус на корите.




Состојки:
- 500 гр кори за пита (по можност свежи)
- 3 јајца
- 200 гр шеќер
- 200 мл масло
- 150 гр гриз
- 400 гр праски
- 250 гр сливи
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- шеќер во прав (за посипување)




Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот со постепено додавање на масло. Ставете го гризот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво. Убаво промешајте.




Земете три кори и секоја од нив премачкајте ја со смесата од јајца. На третата кора распоредете ги исчистените праски и сливи. (кои предходно сте ги исекле на парченца).




Редете ги сливите и праските од краевите према средината. Потоа ролувајте ги корите. Повторете ја оваа постапка додека не го потрошите целиот материјал.




Наредете ги корите во предходно подмачкан плех и печете 20-тина минути на 180 степени.
Изладената пита исечете ја на парчиња. Посипете ги со шеќер во прав и уживајте во преубавиот вкус.




Пријатен апетит!