Летна манџа на селски начин – Потпечени пиперки со лукче и домати!

Вреди да се проба:

Реклама

Класичната летна манџа е еден меѓу омилените традиционални рецепти кој се пренесува со генерации. Но сега ви подготвивме малку поинаков рецепт на летна манча кој со сигурност ќе ви се допадне.

За добра подготовка потребно е доматите да бидат меки и зрели, штотуку набрани од градината.

Реклама

Состојки:

  • 1 кг. домати
  • 500 гр. зелени пиперки
  • 200 мл. зејтин
  • сол
  • шеќер
  • магдонос
  • копар
  • 2 чешниња лук

Подготовка:

Доматите се мелат и се ставаат да се варат, додека да испари течноста. Додека трае варењето, се додаваат зејтинот и зачините. Првите десетина минути треба да се вари на силен оган, со полузатворен капак, а потоа на средно силен оган, без капак.

Пиперките се печат, се лупат и се пржат во тава, а потоа се редат во голема рамна чинија и се преливаат со доматен сос, малку засладен со шеќер. Јадењето се посипува со ситно исечканите магдонос, копар и лук – исечен на ситно.

Реклама

Подобро е да не се служи веднаш, туку да се остави 20-30 минути, за да може пиперките добро да го попримат сосот.

Селската летна манџа станува уште повкусна, ако се додаде парче сирење.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -