Најдобар рецепт за сармички во лозов лист + домашно кисело млеко!

Вреди да се проба:

Реклама

Сармички во лозов лист е вистински летен специјалитет.

Сармата е традиционално зимско јадење подготвено од лисја од кисела зелка, но во текот на летото обично избираме малку полесни варијанти или оваа со лозов лист. Тие се најубави со домашно кисело млеко.

Реклама

Состојки:

  • 40 парчиња лозови листови
  • 500 гр мешано мелено месо
  • 2 главици кромид
  • зачини
  • чаша ориз
  • 1 јајце
  • сол, бибер
  • сецкан магдонос
  • домашно кисело млеко за сервирање

Подготовка:

Ситно исецкајте го кромидот. Ставете го кромидот да се пржи, а потоа додадете половина килограм мелено месо и промешајте, додадете сол, бибер, додадете малку сецкан магдонос, една чаша исчистен и измиен ориз и едно јајце.

Реклама

Четириесет парчиња лозов лист прво се чистат од стебленца, а потоа се варат во сад со врела солена вода. Кога лисјата ќе станат меки, исцедете ги и измијте ги со ладна вода, а потоа оставете ги да се изладат.

Подготвениот фил се става во листовите и се прават мали, цврсто замотани сармички, кои се редат во тенџерето исто толку цврсто една до друга и на крај се притискаат со рамна чинија или мал капак, за да не се распаѓаат при готвењето. Ставете им топла вода и гответе на тивок оган.

На крајот на готвењето, извадете ја чинијата или капакот и оставете го на тивок оган некое време, по што се ставаат во рерна да се печа околу 25 мин на 200 степени. Послужете со кисело млеко.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -