Лесна крем салата со тестенини и јогурт – неодоливо вкусно…

Вреди да се проба:

Вкусна крем салата со тестенини и јогурт, која е многу лесна за подготовка. Штом ќе ја пробате еднаш нема да може да одолеете на овој вкус.

Потребни состојки:

  • 500 гр. макарони
  • 150 гр. кашкавал
  • 200 гр. шунка Пекабеско
  • 2-3 варени моркови
  • 15 кисели краставички
  • 1 црвена пиперка
  • 1,5 литри јогурт
  • 200 гр. мајонез

Подготовка:

Тестенините се варат во солена вода, а потоа се мијат со ладна вода и се оставаат на страна.

- Advertisement -

Кашкавалот, шунката и морковите заедно со киселите краставички и пиперката се сецкаат ситно. Сето тоа се меша заедно со оладените макарони.

Се додава јогуртот и мајонезот и се меша убаво за да се соедини смесата.

Пред служење треба добро да се олади салатата. Се декорира со свеж магдонос и маслинки.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!