Лесен колач ОРЕО: Без печење и без мака за кој сите ќе ви бараат рецепт!

Вреди да се проба:

Реклама

Без печење и без мака за кој сите ќе ви бараат рецепт!

Состојки:

  • 36 колачиња орео
  • 5 лажици стопен путер,
  • 900 гр крем сирење
  • 1/3 чаша шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 чаша млеко
  • 1 лажица желатин

Подготовка:

Расклопете ги колачињата така што од едната страна имате само бисквит, а од другата само филот. Истурете ги бисквитите во пластична кеса, па убаво исчукајте ги со сукало.

Реклама

Истурете ги бисквитите во сад, додадете пет лажици стопен путер, измешајте добро и истурете ја смесата во калапот.

Во еден сад истурете крем сирење, шеќер, филот од бисквитите и екстракт од ванила, и се добро измешајте со жица за матење. Потоа истурете го топлото млеко во желатин и додајте го во смесата. Оставете филот да зоврие уште малку, па истурете го во калапот преку основата.

Реклама

Одозгора направете уште еден слој од раздробени бисквити, па ставете го колачот во фрижидер да се олади четири часа.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -