Ќофтињата се секогаш совршен избор за семеен ручек, а благодарение на нашиот рецепт, сега можете да ги послужите на сосема поинаков начин во комбинација со пиперки, кромид и компири.




Состојки:
- 500гр мелено месо
- 2 кромида
- 2 чешниња лук
- 1 јајце
- 3 лажици презла
- сол, бибер
- црвен пипер
- 6-7 компири
- 2 пиперки
- 2-3 лажици масло
- 4-5 лажици пире од домати
- 3 лажици вода




Подготовка:
Кромидот ситно исецкајте го, измешајте го со месото и сите зачини и ставете го во фрижидер половина час. Од смесата формирајте ќофтиња, израмнете ги малку.
Исечете ги компирите во прстени и додадете малку сол.
- Advertisement -
Наредете на стапче за ражен по ред: 2-3 компири, ќофтиња, компири повторно, повремено додавајте свежи пиперки или прстени од кромид. Потоа ставете ги ражените во подмачкана тава.




Промешајте го доматното пире со вода, а потоа прелијте ги раженчињата од компири и ќофтиња.
Печете на 200 степени, а кога компирот ќе се испече, ручекот е готов.




На здравје!