Еве како да подготвите здрава чорба од коприва.
Состојки:
- 40 мл масло
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- 1 компир
- 1 морков
- 1 зелен пипер
- 2 лажици пченкарно брашно
- 200 гр коприва
- сув зачин
- сол
- бибер
- слатка зачинска пиперка
- смачкана лута пиперка (по избор)
Подготовка:
Пржете кромид и зеленчук во масло. Истурете малку вода, додадете зачини и продолжете со готвењето. По околу десет минути, додадете пченкарно брашно и коприва, истурете вода и продолжете со готвењето.
- Advertisement -
Гответе уште 20 минути. На крај изблендирајте се со миксер или блендер, вратете го на шпорет да зоврие и готово е.
Пријатно!