Леден колач со шумски плодови: Кремасто уживање што се топи во уста!

Вреди да се проба:

Реклама

Совршената комбинација на крем и бобинки ќе ја обожава целото семејство.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 250мл слатка павлака
  • 250 гр замрзнати шумски плодови
  • 4 лажици шеќер
  • 100гр мелени бисквити
  • 250 гр крем сирење
  • 50гр шеќер во прав
  • 500 гр сладолед од ванила
Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките со миксер со 60 гр шеќер, варете на пареа додека не се растопи шеќерот. Изматете ги белките со миксер со 60гр шеќер и ванилин шеќер. Варете на пареа додека не се згусне.

Реклама

Оставете ги двете смеси да се изладат.

Одделно изматете ја слатката павлака, а одделно крем сирењето со шеќер во прав и додајте во павлаката. Комбинирајте ги сите три фила и поделете ги на два дела.

Реклама

Бобинките сварете ги кратко со 4 лажици шеќер, за да добиете густ сируп. Изладете и додадете на едниот дел од филот. Во вториот дел додадете мелени бисквити.

Оставете го сладоледот некое време на собна температура, малку да се стопи. Покријте го плехот со алуминиумска фолија, па во него ставете го филот со бисквити, над него фил со диви бобинки и на крај сладоледот од ванила. Завиткајте во фолија и ставете го во замрзнувач да се олади.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -