Реклама
Наместо да купувате сокови, подгответе си освежителен пијалок, опуштете се во фотелја и уживајте.




Лубеницата, виното, капините прават идеален летен пијалок што ќе ве разбуди по напорниот ден на работа. И, ако сепак преферирате домашни сокови, тогаш овa е вистинското решение.
Реклама
Состојки:
- 750 мл сангрија или розово вино, разладено
- 1/4 чаша ликер лубеница
- 250 гр лубеница без семка
- 1 лимета, исечена на прстени
- 1/2 до 1 чаша свежи капини
- 1 лименка спрајт или швепс, разладена
- ледени коцки
- свежи лисја од босилек или нане




Подготовка:
Во голем сад измешајте ги виното и ликерот. Додадете лубеница, лимета и капини. Ставете го во фрижидер најмалку 2 часа. Непосредно пред сервирање, истурете во него спрајт или швепс и ледени коцки. Украсете со босилек или нане.




Уживајте!