Леденото кафе со Нутела е вистинско освежување за сите љубители на овој пијалок.
Доколку сте љубител на кафе, сигурно нема да се откажете од омилениот пијалок ниту во топлите летни денови. Секогаш е добредојден во секаква сорта, а овој рецепт за ледено кафе со Нутела на почетокот ќе ве освои.
За да го подготвите овој освежителен напиток ви требаат само неколку минути, а во него се ужива веднаш.
Состојки:
- 3 шолји ладно млеко
- 2 чаши мраз
- 3 лажици Нутела
- 3 лажици инстант кафе
- 2 лажички шеќер
- 2 топки сладолед
- малку шлаг
- чоколадни трошки
Подготовка:
Млекото, кафето, Нутелата, шеќерот и мразот истурете ги во блендер, па сè убаво измешајте за да се распадне мразот и смесата да стане пенеста. Ако немате блендер, рачен миксер ќе ви заврши работа.
Во високи чаши прво ставете топче сладолед, а на рабовите истурете малку Нутела. Потоа прелијте го леденото кафе, одозгора ставете малку шлаг и декорирајте со чоколадни трошки, а можете да користите и какао во прав, слободно пуштете ја вашата фантазија. Послужете веднаш по подготовката додека е уште ладно.
Пријатно!