ЛЕДЕНИ ГРИЗ КОЦКИ: Едноставно совршено задоволство!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Богата и кремаста торта, која ќе ви се допадне уште на првиот залак!

Состојки:

За кората:

  • 7 белки
  • 5 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 3 лажици какао
  • 4 лажици брашно
  • 6 лажици вода
- Advertisement -

За крем:

  • 1 литар млеко
  • 180 гр гриз
  • 125 гр маргарин
  • 2 жолчки
  • 3 ванилин шеќер
  • 2 лажици кристален шеќер
  • 250 гр шеќер во прав

За глазурата:

  • 200 мл слатка павлака
  • 250 гр млечна чоколада
  • 1 лажица маргарин

Подготовка:

Штом почнете да ги матите белките со миксер на максимална брзина, постепено додавајте го шеќерот и матете во цврст снег. Продолжете со додавање на жолчките една по една, но намалете ја брзината на минимум. Додадете вода и ванилин шеќер.

Додадете претходно измешано брашно, какао и прашок за пециво и лесно измешајте со миксер или шпатула. Гледајте да нема грутки. Со хартија за печење обложете квадратен плех. Истурете ја смесата во тавче и печете во загреана рерна на 200 C околу 20-25 минути. Оставете го бисквитот да се излади.

Во млекото додадете два ванилини шеќери и откако ќе зоврие додадете го гризот и варете уште 10 минути. Оставете да се излади. Жолчките и кристалниот шеќер изматете ги со миксер и варете ги околу 10 минути со постојано мешање. Оставете го и овој фил да се излади.

Омекнатиот маргарин и шеќерот во прав се соединуваат со миксер. Додадете го филот со жолчка и соединете. Продолжете да додавате 2-3 лажици гриз со постојано мешање со миксер на максимална брзина.

Ставете ја слатката павлака на помала температура да зоврие. Прелијте со коцки чоколадо и една лажица маргарин. Мешајте додека се убаво да се соедини и да се растопи чоколадото. Оставете малку да се стврдне глазурата, колку да можете убаво да ја распоредите, да не истекува наоколу.

Премачкајте го филот преку кората и премачкајте со глазура. Оставете ја тортата во фрижидер неколку часа да се стегне за да можат убаво да се исечат. Колачот е сочен и има феноменален вкус на ванила и чоколадо.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!