Мора да го пробате овој рецепт а веруваме дека ќе му се допадне на целото семејство!




Состојки:
- 150 гр сечкана сланина
- 500 гр брашно
- 2 лажички сол
- 25 гр квасец
- 0,5 дцл млака вода
- 50 гр путер
- 2 дцл млеко
- 150 гр кисела павлака
- 150 гр рендано сирење
- 50 гр рендан пармезан
- путер за подмачкување
- 1 јајце
Подготовка:




Испржете ја сланината и изладете ја. Во поголем сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во средината на брашното. Издробете го квасецот и измешајте го со млака вода. Над квасецот посипете малку брашно.




На оган омекнете го путерот и додадете го млекото. Додадете брашно како и павлака, сланина и сирење. Замесете мазно тесто што го месете околу 15 минути. Покријте го тестото со влажна крпа и оставете го да нарасне.




Уште еднаш замесете го тестото кратко. На округла тава намачкајте путер, истурете го тестото и оставете го да отстои уште 15 минути, премачкајте го со јајце.Печете во загреана рерна 60 минути на 200 степени C. Печете го 35 минути непокриен лебот и потоа покриен со алуминиумска фолија 25 минути).




Пријатно!