Реклама
Меко одвнатре и крцкаво однадвор.




Состојки:
- 2 чаши вода
- 1 пакување сув квасец
- 1 лажица шеќер
- 120 гр гриз
- 1 лажица масло
- 480 гр брашно
- 1 лажичка сол
Подготовка:




Измешајте ги состојките и замесете меко тесто. Оставете да отстои. Потоа поделете на два дела и развлечете ја саканата форма, во овој случај како на сликата во форма на кругче.
Реклама




Намачкајте ја тавата со маргарин и посипете со гриз. Лебот се пече од двете страни на средна температура во зависност од видот на шпоретот во покриена тава. Се пече додека не порумени од двете страни.