Домашна лажна пита со јајца за која се потребни само 5 состојки.
Питите се секогаш најбрзо решение кога сте гладни, особено оние без кора. Токму таква е и оваа лажна пита која се прави со јајца и додавање сирење, како и млад кромид. Неверојатно едноставно, а готово за помалку од половина час. Ако сакате да биде навистина домашно, ставете си сирење што сами сте го направиле, а прочитајте овде како.
- Advertisement -
Состојки:
- 6 јајца
- морско оревче
- 300 мл млеко
- 100 гр тврдо сирење
- 4 млад кромид
Подготовка:
Посолете ги јајцата и зачинете ги со морско оревче, па изматете ги. Потоа се преливаат со млеко, па се додава рендано сирење и сечканиот млад кромид.
Истурете во сад кој сте го премачкале со путер, па печете на 200°C околу 20 минути.
Пријатно!