Овој ручек не е тешко ни скапо да се направи, а вкусот загарантирано ќе го обожавате.
Состојки:
- 1 лимон
- еден куп магдонос
- 5 лажици маслиново масло
- сол и црн пипер
- 4 парчиња пилешко филе без кожа
- 2 моркови
- 1 пурпурен кромид
- 350 гр кускус
- 700 мл зеленчукова бистра супа
Подготовка:
Измијте го лимонот во топла вода, исушете го, изрендајте ја кората и исцедете го сокот. Измијте го магдоносот, истресете го вишокот вода, а потоа искинете го и исечете ги лисјата. Измешајте половина од магдоносот со 4 лажици масло, сок од лимон, кора од лимон, сол и бибер и премачкајте го измиеното и суво месо со оваа маринада. Оставете да отстои 30 минути.
Излупете морков и изрендајте го. Излупете кромид, исецкајте го и испржете го во 1 лажица врело масло, додадете моркови и кускус, прелијте ги со бистрата супа и варете ги на тивок оган околу 10 минути.
Пржете го пилешкото во многу жешка тефлонска тава 5-6 минути од секоја страна, или пак ако не сакате да пржите можете да го печете во рерна.
Размешајте го сварениот кускус со вилушка и промешајте го со остатокот од магдоносот. Послужете го со готовото месо. Можете да го декорирате садот со лисја од магдонос.
На здравје!