Кускус со рукола и фета: Пробајте една поинаква салата!

Вреди да се проба:

Реклама

Кускус со рукола и фета. Салата која може и да ви послужи како замена за оброк, за оние кои внимаваат на линијата.

Состојки:

  • 300 гр подготвен кускус
  • грст рукола
  • неколку гранчиња власец
  • 1 мала краставица
  • 1 страк целер
  • 150 гр сирење фета

Прелив:

Реклама
  • 2 лажици сок од лимон
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка сушен босилек или неколку свежи лисја
  • бибер и фина морска сол по вкус

Подготовка:

Згответе го кускусот па ставете го изладен во соодветен сад. Откинете ја руколата малку, за лисјата да не бидат толку големи, а потоа додадете ја во садот.

Власецот и босилекот ситно исецкајте ги (ако користите свежи). Краставицата и целерот исто така исецкајте ги на помали парчиња. Ставете се во садот и нежно промешајте.

Реклама

За преливот комбинирајте се во посебен сад, па прелијте го кускусот, додадете сол и бибер по вкус и промешајте. Ставете во фрижидер.

Пред сервирање, посипете со смачкана фета.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -