КУКУРЕЦ – Деликатесно јадење подготвено на традиционален начин

Вреди да се проба:

Реклама

Кукурец е традиционално јадење во повеќе Балкански земји. Се припрема од цревцата од младо јагне, затоа најчесто кукурецот е присутен на трпезата во пролет за време на Велигденските празници.

За овој деликатес се користат десетици метра цревца, се преплетуваат, се обмотуваат во многу деликатна ракотворба со уште по деликатен вкус. Јагнешките црева треба да се исчистат навистина добро пред да се зготват од разбирливи причини.

Реклама

Ова јадење е со малку маснотии и нискокалорично и одлично оди со добро македонско бело вино.

Состојки:

  • 1.8 кг јагнешки цревца
  • 1 лажичка сол
  • 5 зрна црн пипер
  • 1 лажичка суво нане
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 6 лажици масло

Начин на подготовка:

Цревата се мијат убаво од внатрешната страна. Со мала инка се полнат со ладна вода за да се измијат. Потоа се превртуваат и се мијат од внатрешната страна со сол и сок од лимон. Се ставаат во цедалка да се исцеди водата.

Реклама

Потоа се прави сноп од црева со должина од 1 метар, и снопот се обмотува со друго црево да се добие плетен кукурец со дебелина од 3-4 см.

Во длабок сад со ладна вода, сол и пипер во зрна се става кукурецот да се свари, на умерена температура.

Кукурецот е повкусен ако се испечи во земјена тава.

- Advertisement -

Тавата се намастува, се става кукурецот, се наросува со суво нане, црвена пипер, сол по вкус и се налева со вода од варењето до пола од дебелината на кукурецот.

Се пече на температур oд 160 ºC, час и половина или додека кукурецот не добие златно жота боја. За време на печењето се полева со сосот секои 20 минути.

Кукурецот се сервира со зелена салата.

Уживајте и комбинирајте со добро македонско вино. Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -