Ароматичните стапчиња со лук се печат само 15 минути, а сигурно ќе направите дупла мерка.




Крцкавите стапчиња со лук и оригано ќе ја замирисаат целата куќа при печењето, а загарантирано е дека веднаш ќе исчезнат од тавата. Вкусот ќе биде уште подобар од оние што можете да ги купите во пекари. Тајната е во пармезанот, кој на стапчињата им дава посебен и неодолив вкус. Идеални се за појадок, а може да се послужат и како предјадење.




Состојки:
- 350 гр брашно
- 200 мл млака вода
- 2 лажици масло
- 1 лажичка сув квасец
- 1 лажичка сол
- 3 чешниња лук
- 4 лажици стопен путер
- 40 гр пармезан
- оригано
Подготовка:




Во млаката вода додадете шеќер и квасец, па оставете го квасецот да се измати. Потоа додадете го издробениот лук, маслото и брашното и замесете мазно тесто. Оставете го на топло место околу половина час да нарасне.




Потоа измешајте го и поделете го на еднакви делови. Секој дел од тестото расукајте го во стапче, извртете ги, па наредете ги на плех да не се допираат. Секое стапче премачкајте го со растопен путер, посипете со пармезан и оригано и печете ги околу 15 минути на 200 степени.




Пријатно!
Извор: Прашање на вкус