Брзи, здрави и вкусни тиквички од рерна, за кои ви се потребни само 4 лажици масло. нема потреба да стоите долго пред шпорет и да ги пржите во длабоко масло.




Потребни состојки:
- 2 тиквички,
- малку сол,
- 2 лажици брашно,
- 1 лажица пченкарно брашно,
- 1 лажица лебни трошки (презла),
- 1 лажичка сол,
- 1/2 лажичка црвен зачински,
- пипер во прав,
- 2 јајца,
- сусам за наросување одозгора,
- 4 лажици масло.




Подготовка:
Тиквичките убаво измијте ги, па исечете ги на тркалца заедно со кората. Посолете ги и оставете малку да отстојат.
Во посебен сад ставете две лажици брашно, една лажица пченкарно брашно, една лажица лебни трошки, една лажичка сол, половина лажичка црвен пипер во прав и убаво промешајте за да се изедначат состојките.




Во друга чинија изматете две јајца со виљушка. Започнете го похувањето на тиквичките. Секое тркалце натопете го прво во јајцата, а потоа во мешавината од брашно и презла. Завршете со уште едно потопување во јајцата.




Вака приготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора наросете ги со сусам и со 4 лажици масло.
Ставете да се печат во загреана рерна на 220 степени додека убаво да заруменат.




Пријатен апетит!