Реклама
Неверојатно крцкава и вкусна пица!




Бајат леб обично секој го фрла, но тоа не мора да го правите, бидејќи со него можете да направите различни јадења како попара, пржено леб, полнети лебови или овие пици со леб. Пицата можете да ја наполните со состојки кои веќе ги имате во фрижидер, а се е готово за 10 минути.
Реклама




Состојки:
- 8 парчиња бајат леб
- 100 гр колбас или шунка
- 2 помали домати
- 100 гр сирење
- 2 лажици мајонез
Изборно: свеж магдонос, оригано, босилек
Подготовка:




Ставете парчиња бајат леб на плех обложен со хартија за печење. Во сад измешајте ги сечканата шунка, доматите, сирењето, мајонезот и зачините по желба. На парчиња леб ставете од филот. Се пече на 200°C 6-8 минути.



