Крофни потопени во млеко: Овој рецепт е вистински хит и навистина вреди да се проба!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Се прават без масло, а толку се сочни и меки што се топат во уста. Никој не може да им одолее, а децата едноставно ќе ги обожаваат. Навистина вреди да ги направите.

Потребни состојки:

  • 1 коцка свеж квасец,
  • 1 лажичка шеќер,
  • 1 прстофат сол,
  • 1 шака маст,
  • 2 жолчки,
  • 600 мл млеко,
  • 800-900 гр брашно,
  • 2 лажици шеќер,
  • по желба лимонова кора или малку ракија.

За прелив:

  • 500 мл млеко,
  • 4 лажици шеќер,
  • по желба ванилин шеќер или рум.

Начин на подготовка:

- Advertisement -

Ставете го квасецот во топло млеко и додајте лажичка шеќер. Добро промешајте додека квасецот да се растопи, па прелијте во садот со пресеано брашно. Оставете го околу 10-тина минути додека да се активира квасецот.

Додајте ги останатите состојки и замесете меко тесто кое не се лепи на рацете. По потреба додајте уште брашно.

Добиеното тесто малку намастете го со масло и оставете го на топло да стаса.

Потоа премесете го тестото, на набрашнета работна површина и развлечете го во кора со дебелина од 2-3 см. Сечете со тркалезен калап за крофни со пречник од 8 см.

Крофните редете ги во тепсија, една до друга. Тепсијата не е потребно да се намастува.

Остатокот од тестото премесете го и повторете ја постапката или ако сте ја пополниле тепсијата можете да направите пита, полнети лепчиња или нешто по ваша желба. Тестото е убаво и погодно за разни печива.

Крофните се оставаат на топло малку да стасаат и да се удвојат. За тоа време загрејте го млекото со шеќерот додека тој да се растопи. За една тепсија потребно е половина литар млеко.

Со топлото млеко се прелеваат сите крофни и малку се протресува тепсијата за да испливаат. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути.

Додека се печат крофните многу нараснуваат.

Се служат топли со една лажица џем, нутела или некој друг сладок крем одозгора. Може да се наросат и со шеќер во прав.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!