Реклама
Ова е вистински деликатес од ручек!




Состојки:
- 4 големи главици кромид
- 200 гр мелено месо
- 1 грст магдонос
- 200 гр свежи печурки
- 1 домат
- сол, бибер
- 250 мл супа од зеленчук
- 50 гр кашкавал
- 2 лажици кечап
- 1 лажичка сушено оригано




Подготовка:
На кратко сварете го излупениот кромид и извадете ја средината. Исецкајте ја средината и измешајте ја со меленото месо. Загрејте ја рерната на 200 степени.
Реклама




Исечете го магдоносот, излупете ги печурките и исечкајте ги на коцки, исто како и доматот. Измешајте се во месото, додадете оригано, сол и бибер и наполнете ги главиците кромид со смесата.




Ставете го кромидот во подмачкан сад за печење, истурете ја супата во плехот и печете го јадењето покриено околу 50 минути. Петнаесет минути пред крајот, посипете со рендан кашкавал, а потоа изматете го кечапот во сосот.
Реклама




Добар апетит!