Направете вкусна крем салата со тестенини.
Потребни состојки:
- Advertisement -
- 350 г тестенини (најчесто спирални),
- 100 г кисели краставички,
- 1 црвена пиперка,
- 1 зелена пиперка,
- 1 најмала конзерва пченка,
- 150 мл мајонез,
- 1 чашка кисела павлака,
- 150 мл павлака за готвење (за тестенини),
- 100 г кашкавал,
- 100 г шунка,
- сол,
- црн бибер.
Постапка:
Сварете ги тестенините, прецедете ги и изладете под млаз студена вода. Краставичките, пиперките, кашкавалот и шунката исечкајте ги поситно или пак изрендајте ги.
Додадете ги сите останати состојки и добро промешајте. Изладете и сервирајте.
Тестенините впиваат доста од течноста, па ако е потребно додајте уште малку од течната павлака кога салатата ќе излади и промешајте уште еднаш.
На здравје.