Крем-ликер од кафе: Брза подготовка, ефект на будење и ладно освежување!

Вреди да се проба:

Реклама

Не е тешко да се подготви, има ефект на будење и е вистинско ладно освежување.

Состојки:

  • 100 гр кафе (во зрна)
  • 300 мл вода
  • 1 чаша шеќер (чаша од 150 мл)
  • 2 ванилини шеќери
  • ½ литар обезмастено млеко
  • 2 чаши рум (чаша од 150 мл)

Подготовка:

Првиот чекор е многу важен. Потребно е да се меле кафето и да се стави истото мелено кафе во тенџере за готвење и малку да се загрее со постојано мешање. Кога првпат ќе се почувствува мирисот на кафе, прелијте го со врела вода и оставете го да зоврие, внимавајќи да не го изгорите.

Реклама

Потоа, изладете убаво тоа што го подготвивте. Потоа филтрирајте ја смесата преку филтер, и одвојте ја течноста од густиот остаток од кафе.

Загрејте половина литар млеко со шеќер и ванилин шеќер, и кога ќе зоврие, истурете го процеденото кафе во него. Потоа измешајте, покријте и оставете да се излади целосно. Додадете рум во разладениот пијалок. Потоа истурете го пијалокот во шише, и ставете го во фрижидер да се излади.

Реклама

Откако ќе се олади, послужете им го овој кремаст ликер од кафе на вашите најмили и уживајте во освежителен пијалок со кофеин, без тоа да биде кафе, но ликер.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -