Кременадли со шампињони: Вкусен ручек за целото семејство!

Вреди да се проба:

Реклама

За сите љубители на зачинето месо, овие кременадли се совршени.

Во исто време меки и сочни. Можете исто така да ја намалите количината на лута пиперка за да одговараат на вашиот вкус. За кој сака да се „излути“  рецептот е со совршени количини на состојки па се малку полути од вообичаено.

Реклама

Состојки:

  • 1 кг кременадли без коски
  • 200 гр свежи печурки
  • 100 – 150 мл масло
  • брашно, сол
  • лажичка сув зачин
  • половина лажичка бибер
  • една полна лажица сув чили пипер, а може и домашна мелена пиперка

Подготовка:

Исечете парче кременадла на половина и потоа исечете ја по должина, како за вешалица. Исчукајте ги малку со чекан за месо и посолете од двете страни.

Загрејте 100 мл зејтин, па валкајте ги кременадлите во брашно и пржете ги на силен оган по 3-4 минути од секоја страна, за малку да поруменат, но внимавајте да не изгори брашното во тавата.

Реклама

Направете го истото со сите кременадли. Во тавата додадете 50 мл масло, исечкани печурки и половина чаша вода. Гответе додека не испари водата, а потоа додадете една лажица брашно и сè измешајте минута-две.

Додадете половина литар вода, па зачините и лутата пиперка. Смесата треба да биде ретка, водена. Спуштете ги кременадлите и динстајте сè на тивок оган додека вишокот вода не испари и месото целосно не омекне. Послужете топло со салата од компири и зелка.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -