Подгответе го овој неодоливо вкусен колач, секој ќе бара да го направите подторно.




Состојки:
- 7 јајца
- 30 лажици шеќер
- 7 лажици меко брашно
- 200 г густин
- 6 ванилин шеќер
- 2 литри млеко
- 500 мл вода
- 1 кора лиснато тесто (реш печена)
- 500 мл слатка павлака за шлаг




За чоколадна глазура:
- 100 г чоколадо
- 2 лажици масло
- 80 г путер или маргарин




Начин на подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови, па во секој сад ставете по 15 лажици шеќер и 3 кесички со ванилин шеќер.




Прво изматете ги белките во цврст снег и тргнете го настрана. Подобро се мати кога прво ќе ги изматите само белките во цврст снег, а потоа постепено ќе го додавате шеќерот и ќе матите додека тој се растопи.




Потоа во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот, па додавајте по ред: 300 мл млеко, брашно и густин. Во поголем сад ставете 500 мл вода и 1700 мл млеко, па кога ќе зоврие со миксање со миксерот сварете ја смесата со жолчките на тивко (околу 5 минути).




Тргнете од оган и во врелиот крем со лажица додадете го и измешајте го снегот од белки.
Во една тепсија ставете ја печената кора од лиснато тесто и врз неа излејте го врелиот крем. Оставете да излади. Потоа, ставете 500 мл изматена слатка павлака и полека прелијте со чоколадна глазура. Поткренете ја тепсијата од едниот крај и полека со лажица нанесете ја глазурата за да може таа да се слева врз шлагот.




Добар апетит!