Доколку немате многу време за подготовка на ручек, подгответе го ова исклучително вкусно и брзо јадење. Нема да вкусите ништо похранливо од тестенини со спанаќ
Доколку сте љубител на јадења кои се подготвуваат брзо, овој рецепт е за вас:
- Advertisement -
Состојки:
- 400 грама спанаќ ситно сецкан (може и замрзнат)
- 400 грама тестенини (шпагети, макарони, тестенини по избор)
- 200 грама сирење
- 150 мл млеко
- Сол и црн пипер
- 2 чешниња лук
- коцка путер
Подготовка:
Сварете ги тестенините и оставете ги на страна. Во длабока тава малку запржете го спанаќот со малку путер. Во него додадете зачини и лук.
Се динста, па се додава сирењето и се остава малку да се растопи. Откако ќе се растопи додадете го млекото и тестенините. Измешајте и оставете се заедно да врие неколку минути. Послужете топло!
Пријатно!