Реклама
Сусам крем салата е вкусна салата која може да се служи со свинско печење, во комбинација со тестенини или само како намаз. Едноставно иде во комбинација со сè.




Состојки:
- 500 гр. сирење иситнето
- 100 гр. сусам
- 130 гр. пченка (од најмалите конзерви)
- 3-5 кисели краставички
- 100 гр. шунка
- 1 полна лажица павлака (може и повеќе)
- 50 гр. мајонез
- сол
- бибер по вкус




Начин на подготовка:
Најпрво пропржете го сусамот. Можете да го пржите на тивок оган додека ги сецкате и подготвувате другите состојки.
Реклама
Иситнете го сирењето со виљушка, измешајте го со ситно сецканите краставички и шунка и додадете ја пченката (исцедена од течноста). Добро измешајте ги сите состојки, посолете и забиберете по ваш вкус.




Додадете ја павлаката и мајонезот па измешајте ги состојките.
Реклама
На крај додадете го оладениот сусам и мешајте убави додека се соедини со смесата.




Сусам салатата можете да ја служите веднаш, но може да ја покриете со фолија и да ја оставите на ладно во фрижидер.
Пријатно!